еМагазин
Image default
Балкан

Хрватскиот Сабор се самораспушти, избори кон крајот на јуни или почетокот на јули

Хрватскиот Сабор денеска донесе одлука за самораспуштање, а претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ треба да го одреди датумот за одржување на парламентарните избори.

Од вкупно 151 пратеник „за“ распуштање на Саборот гласаа 105, осум беа „против“ и четворица „воздржани“.

Се очекува Милановиќ во следните неколку дена да одлучи за датумот за избори, што мора да се одржат во рок од 30 до 60 дена од распуштање на Парламентот. Можни датуми се 21 и 28 јуни или 5 и 12 јули.

Додека пратениците дебатираа за распуштање пред Саборот имаше протест на граѓани и партии кои воглавно дејствуваат во Собранието на град Загреб поради тоа што пред распуштањето не е донесен Закон за обнова на Загреб по мартовскиот силен земјотрес.

Тие носеа транспаренти против власта и градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ. На еден од транспарентите пишуваше „Загреб ова никогаш нема да ви го заборави“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Плажите не заслужуваат да личат на бојните полиња од Дивиот Запад, вели албанскиот претседател Мета

Редакција

Косово конечно ќе добие Влада

Редакција

„Блиц“: Србија ја отвара границата кон Македонија на 1 јуни

Редакција