еМагазин
Image default
Да помогнеме

Хуманитарен базар во училиштето „Нова“ за помош на Дневниот центар за деца на улица

Традиционалниот хуманитарен базар на училиштето „Нова“ во Скопје ќе се одржи во 11 часот во сабота (11 мај) во кампусот на оваа образовна институција, а дел од парите собрани на настанот ќе бидат наменети за Дневниот центар за деца на улица – Шуто Оризари.

Традиционална храна од различни држави, книги, ракотворби од домашни и странски уметници, лотарија, музички точки и мини – зоолошка градина се само дел од активностите кои се предвидени за манифестацијата.

– Семејниот базар е настан кој годинава се одржува по 13. пат и од година во година расте и се развива во обем. Сè повеќе луѓе го посетуваат и бројот на средства кои се собрани се зголемува. Досега сме соработувале со голем број на институции, а овој пат одлучивме дел од собраните средста да ги намениме за Дневниот центар за деца на улица и се надеваме дека ќе направат промена. Во суштина, секоја година сме отворени за соработка за различен тип на институции на кои им е потребна помош, велат од меѓународното училиште „Нова“.

Манифестацијата е организирана од Здружението на родители и професори од „Нова“ во соработка со училиштето.

Досега дел од собраните средства на настанот биле наменети и за Клиниката за педијатриска хематологија и онкологија при Универзитетската детска клиника; Домот за деца без родители „11 Oктомври“ во Скопје; Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Заводот за ментално здравје на деца и младинци (ЗМЗДМ) „Младост“, итн.

Настанот е од отворен тип, и сите семејства коишто бараат интересна викенд активност, а при тоа сакаат да помогнат во реализација на хуманитарната цел, се добредојдени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Да помогнеме: Младото момче Предраг Стевковски е исчезнато, роднините бараат помош да се пронајде

Редакција

Сандра (13 години) боледува од тумор, 12.000 евра се надеж за спас

Редакција

И Вие можете да им помогнете на настраданите од поплавите во Словенија, еве како

Редакција