еМагазин
Image default
Да помогнеме

Бидете дел од хуманитарната акција на Рамстор Мол и Црвен Крст: „Новогодишна елка на желби„

Најубавото нешто на светот е детската насмевка, а Новата година е вистинко време да подариме насмевки на детските лица.

Оваа година по јубилеен 10-ти пат, Рамстор Мол во соработка со Црвен Крст на град Скопје ја организира хуманитарната акција за децата сместени во згрижувачки семејства наречена „Новогодишна елка на желби„.

Вчера (04.12.2018) дечињата имаа шанса да ги напишат своите новогодишни желби на ливчиња во форма на лампиони, со кои ќе ја накитат елката на желби поставена во Рамстор Мол.

Сите хумани посетители на Рамстор Мол ќе можат да изберат еден или повеќе лампиони од елката со што ќе учествуваат во исполнувањето на детските желби и ќе го купат посакуваниот подарок, а со тоа ќе подарат насмевка на детските лица.

Акцијата ќе трае до 27.12.2018 година кога дечињата ќе ги добијат своите подароци.

Бидете дел од оваа хумана акција и исполнете барем една искрена, детска новогодишна желба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Лидија Ристевска и се потребни средства за третман со матични клетки, поради прогресивна мултиплекс склероза

Редакција

Апел за помош: Млада мајка од Крушево е во кома и се бори за живот по убод од инсект

Редакција

Потребни се средства за имунотерапии за Дијана Димчевска Наумоска која се бори со канцер

Редакција