еМагазин
Image default
Да помогнеме

Хуманитарна трка на Кеј за помош на онколошкото одделение на Детската клиника

Хуманитарна трка долга 1,5 км. наменета за собирање донации за онколошкото одделение на Клиниката за детски болести во Скопје ќе се одржи во сабота (12 јуни) на кејот на Вардар, пред хотелот „Парк“ со почеток во 10 часот.

На трката може да се пријават сите заинтересирани лица постари од 13 години, како и помлади лица во придружба на возрасен придружник. Котизацијата за трката е 200 денари и ќе се плаќа на самото место, пред почетокот на трката.

За првите тројца што ќе ја завршат трката предвидени се подароци, а сите учесници по завршувањето на трката ќе добијат освежување, свежо овошје и здрава енергетска храна. Сите средства собрани од котизацијата за трката ќе се донираат на Детската клиника.

Трката наречена „Трчај за надеж“ ја организираат ученичките од Меѓународното училиште НОВА, Јована Крстевска и Ева Неделковска преку училишниот клуб „Искра надеж“ којшто го основале и чија цел е собирање на донации за маргинализирани групи преку различни видови на интерактивни настани.

„Секој човек заслужува да има еднакви можности, да живее убав и нормален живот. Затоа се трудиме да направиме сѐ што можеме за да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно и да им пружиме надеж,“ велат организаторките на трката.

Заинтересираните за трката може да се пријават онлајн на следниот формулар, на мејлот [email protected] или преку Инстаграм профилот @sparkofhope_club најдоцна до четврток (10 јуни).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потрагата по Вања е во тек: Апел до сите што имаат дуќани со видео надзор, во реонски потег од Фонтана-парк, Дебар маало, Силбо и Буњаковец

Редакција

Отворен телефонски број за донации за малата Симона, а ќе се одржи и хуманитарна забава во Штип

Редакција

(Фото) Мајката моли за нејзината ќерка Мери: Потребна и е нашата хуманост да стане од инвалидска количка

Редакција