еМагазин
Image default
Да помогнеме

Хуманитарните акции за Цаци се во тек: ЈП ПОЦ ќе додели парична помош од 60.000 денари наменети за лекување

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје се приклучува кон хуманитарната акција за собирање средства за лекување на Цаци Тодоровска, која боледува од малигнен тумор на мозокот.

На вчерашната седница на Управниот одбор на претријатието едногласно беше донесена Одлука за доделување на парична помош од 60.000 денари наменети за лекување и побрзо оздравување на Цаци.

Пред една година, по преживеаниот епилептичен напад, на Цаци ѝ беше дијагностициран малигнен тумор во моторниот кортекс, на левата страна на главата – Глиобластома. По итна хируршка интервенција, проследена со радиотерапија и девет циклуси на хемотарапија, резултатите ветуваа позитивен исход, меѓутоа на последниот преглед туморот повторно се појавил и напредува со голема брзина. Поради новонастанатата состојба Цаци мора итно да се оперира, по втор пат. Бидејќи ова е еден од поагресивните верзии на канцер, потребно е лекување и терапија во специјализираната болница во САД, The University of Texas MD Anderson Cancer Center, кадешто проценката за нејзиното лекување е околу 200.000 долари.

ЈП ПОЦ ги повикува сите граѓани кои се во можност да донираат за да се спаси еден млад живот, кој допрва треба да ужива во својата младост.

Отворени се сметки во Стопанска Банка на име Славица Тодоровска: 200003381608851 за трансакции во МКД, за уплати од странство ставени се на располагање две девизни сметки: IBAN: MK07200003381613507 USD MK07200003381611470 EUR SWIFT Code, BIC Code: STOBMK2X.

Исто така, активни се и броеви за донација: VIP 143 483 и Телеком 143 107.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да и помогнеме на Цаци да се избори со туморот на мозок

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Ѕвездичка која има само 1.500 грама и е потребна помош да излезе од инкубатор

Редакција

Главинчевски пет години е во количка, потребни се средства за да застане на нозе

Редакција

Хуманитарен турнир во фудбал „Победата е наша“: Средствата ќе се наменат за изработка на перика за девојче кое се лекува на хематологија

Редакција