еМагазин
Image default
Бизнис

И администрацијата ќе зема К-15, одлучи Владата

Колективниот договор за државната администрација помина на владината седница, а во него, меѓу другото е предвидена исплата на К-15.

Ова е прв грански колективен договор за административните службеници и правосудните органи по 1995 година, со кој администрацијата се стекнува и со дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања, а се утврдува и правото на денови на платено отсуство заради лични и семејни околности до седум работни дена во годината, правото на неплатено отсуство, како и други права.

Како што информираат од владината прес- служба, колективниот договор ќе биде потпишан со репрезентативниот синдикат УПОЗ, а од страна на Владата ќе го потпише министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за цивилно воздухопловство вработува службеник, плата е 83.200 денари

Редакција

„Виз ер“ претстави две нови и реотвара седум рути од Македонија

Редакција

Стопанска банка Битола купила имот во градба во Скопје

Редакција