еМагазин
Image default
Македонија

И Беќир Асани повика да се излезе на референдумот за името и да се гласа „ЗА„

Беќир Асани, функционерот на ДУИ, кој на јавноста и стана познат по инцидентот со пајакот и полицајката, на својот Фејсбук профил ги повика граѓаните да излезат и да гласат „ЗА“ на престојниот референдум за името.

„На 30 септември 2018 година, граѓаните на Македонија и Албанците како дел од неа ќе имаат само една врата кон која ќе одат. Таа врата е вратата на гласачкото место за гласање за НАТО и за ЕУ.

Апел до сите роднини, пријатели, соборци, сонародници, сограѓани, да излезат што е можно повеќе на избирачките места. Да се ​​изјаснат за европската иднина, за перспектива на младите генерации, за братската политика на Соединетите Американски Држави и државите на Европската унија“, пишува Асани.

Фото: Фејсбук/Асани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети дава исказ пред хашките истражители во Приштина, не во Хаг

Редакција

Откако го разреши, министерот Меџити го повика Јовев да му биде советник

Редакција

Антикорупциска загрижена за разрешувањето на Дамева, очекува реакција од институциите

Редакција