еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

И црквата повика да се почитуваат мерките за превенција од корона вирусот

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) преку соопштение упати апел до верниот народ да ги почитува мерките пропишани од Министерството за здравство, како и од Светската здравствена организација и апелира во парохиските храмови и во манастирите на МПЦ-ОА во кои има редовни посети и континуиран богослужбен живот, да се зголеми досегашното редовно одржување на хигиената.

Од САС на МПЦ-ОА повикуваат на сострадална љубов и изразување добродетелност на сите оние кои ќе се најдат во борба со оваа болест, најпрво молитвено застапувајќи се пред Бога за нивното здравје и покажувајќи секаква друга можна грижа.

– Надевајќи се на Животодавецот Христос, МПЦ-ОА ја чува вековната вера во светоста на тајните на црквата и својот древен, но секогаш актуелен еклисиолошки став за Лекот на бесмртноста – Св. Причест.

Истовремо потсетуваме дека треба да бидеме силно посветени на борбата со причинителот на болестите и страдањата – отуѓеноста од Бога. Нашата вера е вера во Воскреснатиот Христос, победителот на распадливоста и смртта и Лекарот на нашите души и тела, стои во соопштението.

 Бискуп Стојанов: Паросите и монашките заедници во наредните 14 дена да ги прекинат состаноците, активностите и собирите

Во согласност со мерките за заштита од коронавирусот ги повикуваме сите пароси и монашки заедници во државава во наредните 14 дена да ги прекинат веронаучните состаноци и сите форми на активности и собири на деца и млади, се наведува во соопштението од скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов упатено до свештенството, монаштвото и верниот Божји народ при Скопска бискупија и Епархијата „Струмичко-Скопска Успение на Пресвета Богородица“.

– Соочени со опасни по живот околности од ширењето на коронавирус ширум светот, во Европа и во нашата Татковина и во согласност со упатствата на релевантните државни служби, повикани сме во нашата Католичка црква во Македонија да размислиме како треба да се однесуваме, што треба да правиме од љубов кон ближните и како да им помогнеме на најпотребните.

Следејќи го внимателно развојот на состојбите во нашата земја ги охрабрувам сите верници и граѓани со добра волја да се придржуваат кон одлуките и препораките дадени од надлежните Институции на Владата и одговорно да пристапат кон имплементацијата на објавените мерки, се вели во соопштението.

Да ги претвориме, се посочува, овие мигови на несигурност и неизвесност во време на заедништво и надеж и да не ги заборавиме најранливите групи меѓу нас.

– Доколку одлуките бидат продолжени или дополнети, било од страна на меродавните државни институции било од страна на црковната власт, порачувам да бидат сериозно сфатени и по истите во целост да се постапува. Ве повикувам сите вас, почитувани свештеници, чесни сестри, драги верници, заедно и со доверба да ги упатиме нашите молитви кон Бога – Господарот на животот и историјата.

Вас и сите граѓани на нашата Земја ве доверувам под застапништвото на Блажена Дева Марија Утешителка, како и сите напори за надминување на оваа несекојдневна ситуација. Блажена Дева Маријо, Здравје на болните, моли се за нас, стои во соопштението. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ако се чуваш ти, ги чуваш и другите“: Твитер реакции за корона вирусот

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

(Фото) Информирајте се правилно: Митови и вистини за корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој податок од пописот ќе проверува преку неколку бази на податоци

Редакција

Гест за почит на општина Кавадарци: Обезбедена помош за девојче кое остана без двајцата родители

Редакција

Венко Филипче или Сања Лукаревска: Кој ќе го замени Зоран Заев?

Редакција