еМагазин
Image default
Локално

И давале плата на докторка која „се заборавила“ на специјализација

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,несовесно работење во службата“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Љ.А.(62), М.К.(60) и Г.С.М.(47), сите од Охрид, информира МВР.

Од ноември 2013 до август 2017 година Љ.А. и М.К. во својство на директор и помошник директор за економски работи на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид, со пропуштање на должен надзор во вршењето на службените овластувања, на Г.С.М. и овозможиле продолжување на времетраењето на нејзините докторски специјализации од максимум утврдениот рок од 60 месеци и не ја задолжиле да се врати на работното место општ доктор во болницата.

Наместо тоа, Љ.А. и М.К. и овозможиле да остане уште 46 месеци на сметка на болницата исплаќајќи и плата и надоместоци без извршени работни задачи. На тој начин, тие и нанеле штета на ЈЗУ „Општа болница “Охрид од вкупно 1.240.727 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Опожарени БМВ и уште две возила во автосервис во Скопје

Редакција

(Фото) Битола во Зимска приказна од денес до 1 јануари

Редакција

Полицајци на лице место фатиле крадци на камион

Редакција