еМагазин
Image default
Македонија

И дојде редот и на Ременски за распит во Обвинителство за „Рекет“

По водителката Лила Филиповска, бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски, денеска во Обвинителството за организиран криминал и корупција исказ треба да даде и пратеничка на СДСМ, Фросина Ременски во врска со случајот „Рекет“.

По обелоденувањето на аферата „Рекет“, Ременски се споменуваше како почесна претседателка на Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Мицевски пред Обвинителството изјави дека пари префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска. Станува збор за 720 илјади евра кои, како што рече, ќе бара да му бидат вратени.

Водителката Лила Филиповска на излегување од Обвинителството не сакаше да даде изјава за медиумите. На новинарските екипи им испрати бакнеж со зборовите „чао друштво“.

Амзоски на сметката на Меѓународниот сојуз на Боки 13 уплатил околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка.

Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милески – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

МИА/Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ред се реди пред Обвинителството за „Рекет“, ама Боки 13 не го викаат на распит

Сите што се сликале со Боки 13, Обвинителството да ги повика на распит за „Рекет“, предлага Кирацовски

По распитот за „Рекет„, Лила Филиповска на „тапет“ на Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За ВМРО-ДПМНЕ изборите во овој момент се во втор план

Редакција

Пендаровски да го искористи правото на вето за измените на Кривичниот законик, бара Платформата на граѓански организации за борба против корупција

Редакција

Меѓу нашинците во Хрватска нема заразени од коронавирус, се очекува 220 граѓани да бидат префрлени со авион во Скопје

Редакција