Министерство за здравство вчера информираше дека починале уште двајца пациенти од корона вирусот.
„Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (78 години) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77 години), на болничко лекување од 14 мај,“ се вели во соопштението.
Детали за нив соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
“Случаите се на возраст над 75 години, со присутни симптоми и коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.), а биле хоспитализирани во ГОБ 8-ми Септември.
Починатите се без историја на патување и контакт со потврден случај во државата“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.
Вкупната бројка на починати поради компликации од коронавирусот во Македонија изнесува 106.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Во Македонија заболени од коронавирусот уште само 18 здравствени работници
Фото: Кабинет на претседателот