еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Крсто Мукоски излегува од притвор

И пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој беше во куќен притвор и е обвинет за настаните од 27. април во македонското Собрание, од денеска е пуштен да се брани од слобода.

Мукоски сега ќе може да присуствува на пленарни седници во Собранието, каде во тек е расправата за промена на Уставот.

„Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска достави решение со кое ја уважил жалбата на Крсто Мукоски, обвинет во предметот со КОК бр. 40/18 поврзан со настаните од 27 април 2018 година во Собранието на РМ со кое ја уважил жалбата изјавена против решението на Кривичниот совет.

Судот го преиначил решението на советот со што ја укинал мерката куќен притвор, определена со решение на Врховен суд на РМ, продолжена со решение на кривичен совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје. Судот му определил на Мукоски мерки за претпазливост – Одземање на патна исправа, односно забрана за издавање нова и Обврска обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Струга“, се вели во соопштението на Aпелација.

Мукоски е третиот пратеник по Сашо Василевски и Љубен Арнаудов кој излегува од притвор. И тројцата за обвинети за истиот случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амнестија во живо

Ќе излезе ли од домашен притвор и пратеникот Крсто Мукоски

Пратеникот Василевски не одговара дали ќе гласа за уставните измени, Аранудов немал размислувано

Ќе може да присуствува на седници: Укинат домашниот притвор на пратеникот Василевски

Фото: Мукоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амбасадата на САД ја поздрави пресудата за експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски

Редакција

Загина велосипедист во Гостивар удрен од камион мешалка

Редакција

Груевски за судењето за „Плацеви на Водно“: Двата сведока се превземени од „Титаник”и нејасна е врската со овој предмет

Редакција