еМагазин
Image default
Македонија

И ловци се вклучуваат во потрагата по исчезната Марија Брзакова од Босилово

Од утре и ловци ќе се вклучат во потрагата по исчезнатата Марија Брзакова од село Босилово од која веќе една седмица нема ниту трага, ниту глас.

Веста за вклучувањето на ловците ја потврди портпаролката на СВР – Струмица, Хризантема Рендевска, која истакна дека потрагата се организира во соработка со МВР и при тоа апелира сите заинтересирани ловци да дојдат утре во 8 часот пред зградата на Општина Босилово.

Дваесет и осумгодишната Марија Брзакова е исчезната од утринските часови на 18-ти овој месец.

Била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса. Исчезнување во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.

Изминативе денови полицијата интезивно трага по неа со пребарување на теренот, а во потрагата се вклучени и кучиња трагачи.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петти ден ни трага ни глас од Марија Брзакова од Босилово, полицијата трага со кучиња

Три дена не се појавила дома, се бара 28-годишната Марија Брзакова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новите министри ќе се гласаат во среда

Редакција

Седум новозаболени со Ковид-19 во Куманово, оздравени 15 пациенти

Редакција

Хелсиншки комитет со реакција на говорот на омраза од страна на навивачките групи на плоштадот Македонија и социјалните мрежи

Редакција