еМагазин
Image default
Спорт

И македонските фудбалери кои ќе доаѓаат од Италија за натпреварот со Косово ќе пополнуваат прашалник за коронавирусот

Нашите фудбалери кога ќе доаѓаат од Италија во Скопје за натпреварот Македонија – Косово, ќе треба да потполнат здравствен локатор – карта за коронавирусот, како и останатите лица кои доаѓаат од критичните региони, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

– Сите патници кои пристигнуваат во нашата земја од Италија ќе мора да потполнат прашалник. Истото важи за сите и нема отстапување од тоа што е препорачано од Комисијата за заразни болести за било кој човек кој доаѓа од било каде, рече Филипче.

На прашање за кинеските работници од компанијата „Синохидро“ кои работат во земјава, Филипче рече дека тие биле на прегледи и немаат симптоми на коронавирусот.

– Осумтемина кинески работници од компанијата „Синохидро“ се сместени во изолација и секојдневно имат контакт со локалниот епидемиолог. Ниту еден од нив нема знаци за заболување, додаде министерот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерките за превенција од коронавирусот на повисоко ниво: Патниците од Италија ќе пополнуваат прашалник уште во авион

Иран привремено ослободи 54.000 затвореници во борбата против ширењето на коронавирусот

СЗО: Коронавирусот предизвикува поголема смртност отколку сезонскиот грип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Славчо Васков стана сопственик на 96 отсто од акциите на ФК Беласица

Редакција

Дарио Ивановски со поддршка од „Макпетрол“ ќе се бори за учество на најелитните натпреварувања

Редакција

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ ќе настапат на Светската карате лига во Анталија

Редакција