еМагазин
Image default
Македонија

И Михаил Трендафилов – Нанче во трката за градоначалничкото место во Охрид

Михаил Трендафилов – Нанче од Граѓанско-демократската унија и официјално ја поднесе кандидатурата за учество на вонредните избори за градоначалничкото место во Охрид.

Од партиското соопштение на ГДУ при поднесувањето на документацијата за учество на изборите истакнаа дека како партија што се залага за промена на досегашниот начин на водење на политика во земјата, ќе се погрижат нивниот кандидат да понуди реална програма со проекти, кои што ќе бидат во интерес на oхриѓани.

-Ќе покажеме дека на полето на политичката борба, може да се успее и без ситни пазарења и лаги. Нашиот кандидат Михаил Трендафилов-Нанче веќе и официјално ја бара довербата на охриѓани за да им докаже дека функцијата градоначалник може да се извршува домаќински и чесно, се наведува во партиското соопштение.

Негови противкандидати ќе бидат Митре Милошоски кандидиран од ВМРО-ДПМНЕ и Константин Георгиески, вршителот на должноста градоначалник од редовите на СДСМ.

Предвремените избори за градоначалник на Охрид ќе се одржат на 21. април, додека предизборната кампања започнува на 1. април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неврохирургот Митре Милошевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид

Фото: Фејсбук/Нанче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

(Фото) Кои се членовите на телото кое ќе дава мислење за употреба на историски и други личности во името на здруженијата

Редакција

СДСМ и уште 20 политички партии заеднички ќе настапат на локалните избори

Редакција