еМагазин
Image default
Македонија

И од ЕУ го „искараа“ Османи за заканите со тужби кон медиумите

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, ги потсетува сите политички актери во Македонија дека слободата на медиумите и новинарите е од посебна важност за ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија, преку портпаролката Маја Коцијанчич, реагираше на изјавите на вицепремиерот Бујар Османи и на соопштение на Министерството за здравство.

Во двата случаи се формулирани закани за “правни последици“ кон медиуми за начинот на известување. Европската Комисија, која редовно ги следи настаните во земјата во пресрет на одлуката за старт на преговори со Македонија, потсетува дека ЕУ “и дава посебна важност на слободата на медиумите“.

-Нашиот извештај во 2018 истакна дека иако постои подобрување на медиумската клима, нулта толеранција треба да има за физичко и вербално вознемирување, како и закани кон новинарите, вели за МИА Маја Коцијанчич

Таа додаде дека за Европската Унија е многу важно новинарите да можат да си ја извршуваат задачата во атмосфера која им овозможува да работат.

Портпаролката на ЕК за МИА исто така додаде дека Унијата очекува сите наводи за можна злоупотреба на јавни фондови да бидат предмет на истрага од страна на надлежните тела, алудирајќи на случајот со непрефрлените средства во вториот пензиски столб, за кој говореше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи им се извини на медиумите, ама ДУИ не се откажува од тужби

ДУИ ќе ги тужат сите политичари, политички партии и медиуми, ако за 24 часа не се извинат за „лажните вести“ за ПИОМ

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Европската комисија Законот за амнестија е важен чекор кон помирување и надминување на поларизацијата

Редакција

Лани шест напади на новинари во Македонија, проблем политиката на неказнивост

Редакција

Уставен формираше предмет за можна манипулација со работните часови во „Бехтел и Енка“

Редакција