еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И официјално: ДУИ не е за предвремени избори, бара да се прифати Преспанскиот договор

Во моментов не е време за предвремени парламентарни избори, туку за изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира Преспанскиот договор во Парламентот, заклучи синоќа централното претседателство на ДУИ, информираа од партијата.

Претседателството на седницата во мала Речица оцени дека со евентуални избори ќе се наруши динамиката на имплементацијата на Договорот од Преспа, што, пак, може да доведе до сериозна блокада на интегративните процеси на Македонија во НАТО и ЕУ.

ДУИ апелира до останатите политички партии да работат на создавање услови за имплементација на Договорот со Грција.

„ДУИ смета дека потпишаниот и ратификуваниот Договор е меѓународна обврска на државата и во таа насока ги поздравува пораките испратени од меѓународните пријатели, пред се од САД, Европската Унија, земјите – членки на Унијата,…, во кои јасно и недвосмислено се повикува Парламентот на Македонија да ја преземе обврската за спроведување и имплементирање на Договорот од Преспа“, стои во соопштението до медиумите од партијата.

Претседателството на ДУИ укажува дека на референдумот излегоа преку 650 илјади граѓани од кои над 90 отсто или 610.000 се изјаснија позитивно, со што јасно се отсликува волјата за влез на земјата во ЕУ и НАТО и за прифаќање на Прсепанскиот договор.

Фото: Фејсбук/Груби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ бара, СДСМ одбива: Како треба да изгледа техничката влада според „Пржинскиот модел„

За ВМРО-ДПМНЕ резултатот од референдумот е фалисификат, ќе поднесе кривични против 200 лица

Извршен одбор на СДСМ: Предвремени избори доколу пратениците не поддржат уставни измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Демократскиот сојуз ги објави предлог заклучоците за францускиот предлог

Редакција

Wasabi shan kui – шампон за коса од Lush: Спречува опаѓање и поттикнува раст на здрава, силна коса, полна волумен

Редакција

Продолжува собраниската и комисиска дебата за пакетот закони за коридорите 8 и 10д

Редакција