еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

И по еден месец, без одговор на куп прашања за „Рекет„

И покрај бројните притисоци од сите можни страни, и дома и од надвор, истрагата за случајот „Рекет“ на Јавното обвинителство оди споро. Барем не како што би требало да биде за еден ваков скандал.

На моменти истата добива некаква си динамика, но тоа беше пред се поради притисокот на медиумите, кои се најгласни и „бомбите“ на италијанскиот весник „Ла Верита“.

Од Обвинителството вчера соопштија дека во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање доказен материјал и дека се уште се вештачат дел од одземените електронски уреди од осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милески.

„Воедно, дел од одземените електронски уреди се вештачат, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини“, информираа од таму.

Јавноста и по точно еден месец, од објавувањето на првичните информации за „Рекет“, се уште чека одговор кој се е инволвиран во овој скандал, каде се парите, дали се вмешани политичари, функционери, обвинители, судии…, колку лица се рекетирани, дали зад „рекетарите“ стои и некој друг…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И обвинителот Бурим Рустеми од СЈО повикан во ОЈО за „Рекет“

Пет часа траеше распитот на специјалната обвинителка Лиле Стефанова: „Се што знам споделив“

Специјалната обвинителка Елизабета Јосифовска даде исказ пред колегите од ЈО за случајот „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„А1 Македонија“ и „Македонски Телеком“ во „тесна трка“ на пазарот на мобилна телефонија

Редакција

КХВ го казни Тито Беличанец: Имал „инсајдерски“ информации кога продал акции од „Тетекс“

Редакција

(Видео) Прекрасна снимка од дивокоза на сртот на Бистра во НП Маврово

Редакција