еМагазин
Image default
ЖИВОТ

И познатите имаат дислексија

Сите се имаме борено со нешто во животот, но тие кои ги освојуваат сите борби се на патот да постигнат повеќе отколку што замислиле. Има неколку такви познати личности на кои голем предизвик била дислексијата.

Таа НЕ Е БОЛЕСТ, туку е состојба која предизвикува потешкотии во процесирањето на пишаниот и говорниот јазик. Без доволно поддршка и информирање, таа може да ги доведе малите, уште како ученици, да се чувствуваат лошо за себе, како да не се доволно паметни или адекватни да бидат дел од општеството. Покрај тешкотијата при читањето има уште една нишка која ги врзува тие со дислексија. Изгледа дека дел од нив се осудени да го променат светот.

Многу светски познати личности, од актери/ки до физичари, ја имаат водено борбата против дислексијата. Тие се доказ за тоа што може да се случи кога ќе ја надминеш и ќе се поттикнеш себеси.

Андерсон Купер – новинар

Овој новинар (кој најиронично е тоа што одбрал професија во која треба многу читање) има освоено 6 Еми награди. Тој како мал не ни поверувал дека ќе го постигне ова ниво кога започнал да има проблеми со тоа да прочита барем една реченица.

Растејќи во дом каде читањето е една од најважните работи, Купер дал сѐ од себе

да е во чекор со брат му. Како што кажува тој, „Некогаш се преправав дека читам од што имав проблеми со тоа, и зборовите немаа смисла, посебно самите букви.“ Неговите учители го препознале тоа и го охрабриле да има редовни обуки со специјалист. По средното училиште Купер се запишал на новинарски студии на престижен факултет.

Тој сѐ уште е благодарен на неговото училиште и наставници што успеале да ја препознаат неговиот потенцијал и му помогнале.

Од здружението за дислексија „Ајнштајн“ се запознаени со предностите кои може да ги направат самите наставници во училиштата. Затоа заедно со Капитол мол за октомври, месецот за подигнување на јавната свест за дислексијата, започнаа кампања за информирање на сите дека „Дислексијата е дарба“. Имајќи во предвид дека наставниците и децата се клучни тие отворија повик за ликовен конкурс во училиштата во општина Аеродром.

Роби Вилијамс – комичар и актер

Една од најпознатите икони во комедијата и филмот, Роби Вилијамс, се има соочено со „тешка“ дислексија. Истата го пратела низ целата кариера.

Сепак, достоен на себеси, тој дури и се шегувал за неа. На Џони Карсон една

ш му рекол, „Имам тешка дислексија. Бев единствено дете во моето маало кое одеше на коренде. Па сите викаа еве го овој со корените.“.

Кира Најтли – актерка

Кира својот успех го должи на една тотално неочекувана личност, Џејн Остин.

Како мало девојче таа имала проблеми со читањето поради дислексијата. Сепак, сценариото од Ема Томсон за „Разум и чувства“ ѝ помогнал на актерката да го надмине проблемот.

„Мајка ми зеде едно сценарио од Ема. И јас бев – уште сум, со дислексија, и ме убеди со ‘Ако Ема Томсон не би го прочитала тогаш таа би го надминала тоа, па затоа и ти мора да почнеш да читаш, затоа што Ема Томсон би го направила тоа“.

Алберт Ајнштајн – физичар кој го промени светот

Инспирацијата за здружението „Ајнштајн“ и еден од најголемите луѓе, можеби во историјата на светот, Алберт Ајнштајн, имал дислексија. Тој е добитник на Нобеловата награда за физика во 1921 година и е прв синоним за интелегенција и разум.

Како дете, па и тинејџер, Ајнштајн покажал знаци на брилијантност и кретивност. Тој ја засакал геометријата, но сепак имал проблеми во говорот и вербалниот развој. Некои негови наставници велеле „Од ова дете нема ништо да биде“.

Евентуално тој рекол, „Зборовите и јазикот, на начинот на кој се напишани, немаат никаква улога во мојот механизам за размислување.“.

Сите нивни искуства како да се одбележани на нашите деца со дислексија. Истите чувства вријат во нив, како и кај овие личности. Уште голем дел на познати лица како Џенифер Анистон, Ричард Бронсон, Том Круз, Леонардо де Винчи, Стив Џобс, Пол Окенфолд, Ози Озборн, Џејми Оливера, Кијану Ривс, Чанинг Татум, Бил Гејтс, Џони Деп и други имаат дислексијата. Сите од нив сакаат, или сакале, младите деца кои денес се соочуваат дислексијата да ги отворат своите срца и да ги остварат соништата.

За да им помогнат на децата да се запознаат со тоа што можат да постигнат во животот и да им покажат дека „Дислексијата е дарба“ Капитол мол и здружението „Ајнштајн“ ги повикуваат сите да ги посетат нивните официјални канали за комуникација и ги научат предизвиците на лицата со дислексијата.

Повеќе на www.facebook.com/capitolmall и www.facebook.com/zdruzenie.ajnshtajn.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски заболен од корона вирусот

Редакција

Д-р Атанасова: Многу од пациентите кои прележале во јануари, во февруари повторно биле позитивни на омикрон

Редакција

16 дена активизам за борба против семејното насилство, паралелно со Светското првенство во фудбал

Редакција