еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И СДСМ на оглас ќе бара кандидати за претседател на државата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска на својата на веб страницата објави отворен повик за самокандидрање на кандидати за претседателски избори 2019 година.

Во огласот се наведени четири критериуми кои се бараат од кандидатите: да е личност со висок општествен углед, да биде способен за извршување на високи државнички функции, да ужива доверба на членството и симпатизерите на СДСМ, како и да биде личност која на најдобар начин ќе ја оживотворува политиката на СДСМ и ќе работи на реализација на стратешките приоритети на Република Македонија – полноправно членство во НАТО и ЕУ, како и меѓународна афирмација и промоција на Република Македонија.

Рокот за пријавување на кандидатите е до 19 февруари. Тие своите апликации треба да ги достават до Извршниот одбор на партијата.

Освен за претседател, СДСМ објави отворен повик и за самокандидрање кандидати за градоначалници на општините Охрид, Дебар и Ново Село за локалните избори, што ќе се одржат со претседателските.

Според најавите од СДСМ, кандидатот за претседател на партијата ќе биде објавен на Конгресот на партијата закажан за 3 март.

Целиот оглас погледнете го ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шекеринска, Димитров, Пендаровски и Спасовски „намигнуваат“: Кој ќе биде претседателски кандидат на СДСМ?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како изгледаат автобусите со кои повратниците од странство се носат во карантин

Редакција

Денеска координација кај Џафери: Ќе се формира ли „Интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција“

Редакција

Задолжителна вакцинација на здравствените работници планира Србија

Редакција