еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

И со Амди во трката: Без предвремени парламентарни избори тешко до цензус за претседател

Изгубената доверба во најголемите политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е сериозна закана за претстојните претседателски избори кои најверојатно ќе бидат осудени на неуспех доколку не се одржат истовремено со предвремени парламентарни избори.

Додека се чекаат резултатите од огласот на СДСМ и се фаќа сеир за придружувањето на Амди Бајрам и Филип Петровски во трката за претседател станува јасно дека политичките партии ќе имаат проблем да го обезбедат потребниот цензус.

Според Избирачкиот список што важеше за неодамнешниот референдум за договорот со Грција околу името, во земјава има 1,8 милион регистрирани гласачи. За разлика од 30 септември, кога требаше да има излезеност од над 900.000 граѓани, цензусот за претседателски избори изнесува 40 проценти, што значи дека напролет ќе се бараат околу 720.000 ливчиња.

Интересно е што од евентуален неуспех на изборите најмногу ќе добие ДУИ односно претседателот на Собранието, Талат Џафери кој тогаш би ја извршувал функцијата претседател што би било прв пат во историјата на земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Нема смешка за „Амди за претседател“ пошто смешката сме ние“: Твитер за кандидатурата на Бајрам за претседател на државата

Само Амди Бајрам може да има ваков анкетен лист: Каков имот пријавил

Кој е Филип Петровски, вториот официјален кандидат за претседател на државата

Фото: 1ТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина македонскиот актер Славко Нинов

Редакција

И денеска кино на отворено во Градскиот парк во Скопје, ќе се прикажува „Панкот не е мртов“

Редакција

Ќе одлучува ли суд чива е Алијанса за Албанците?

Редакција