еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И за свадбите ќе има протокол како ќе се организираат, согласно препораките за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција, на новинарско прашање одговори дека, и за свадбите ќе има протокол, односно ќе се утврди како масите ќе бидат распоредени во рестораните.

Но тоа, како што кажа, ќе зависи од специфичноста на работата на економските оператори.

„Ќе биде укажано како треба економските оператори да се придржуваат на тие мерки и секако дали ќе ги прифатат или ќе имаат и тие од своја страна некакви сугестии. Затоа што и тоа е важно, еден генерален протокол секако дека во некоја ситуација ќе мора да биде модифициран во согласност со специфичноста на објектот или институцијата,“ образложи Филипче.

Тој информираше дека Комисијата за заразни болести подготвува повеќе протоколи за тоа како ќе се организира работата на рестораните, хотелите, училиштата и градинките, и на средината на мај ќе биде претставен концептот.

Во однос на функционирањето на хотелите пак, тоа Комисијата за заразни болести ќе го дискутира во рамките на Стопанските комори.

По првомајскиот празник ќе се знае и начинот на кој ќе се организира наставата во училиштата и градинките.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Укинат куќниот притвор на Јанакиески за “Титаник“

Редакција

Петстотини илјади „шлаканици“ од Светска банка за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Редакција

Ревакцинирани вкупно 743.374, трета доза примиле 571 граѓани

Редакција