еМагазин
Image default
Македонија

И за ВМРО-ДПМНЕ се уште сме граѓани на Република Македонија

Додека институциите, партиите, Владата, Собранието во нивните официјални соопштенија и комуникации почнаа да го користат новото име Република Северна Македонија, со ВМРО-ДПМНЕ тоа не е случај.

Во последното, утринско соопштение поврзано со Конвенцијата на партијата во Струга, на која ќе се избере претседателскиот кандидат, ВМРО-ДПМНЕ се обраќа до граѓаните на Република Македонија.

„Република Македонија мора да застане на здрави нозе. Со СДСМ државата секојдневно тоне, имаме уназадување  во секој сегмент од општеството. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ на Конвенцијата поаѓа од тоа дека треба да се избере кандидатот кој ќе ги штити интересите на Република Македонија. Нашата заедничка цел е Република Македонија. Затоа потребно е лидерство кое ќе гарантира сигурност, заштита на државните и национални интереси, ќе гарантира правна држава и почитување на Уставот и законот и ќе обезбеди напредна, силна и честита Македонија. Република Македонија повеќе не смее да тоне, затоа со победата на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе го најави почетокот на крајот на оваа власт“, се вели меѓудругото во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Иванов се уште е претседател на Република Македонија

(Фото) Грција и официјално почна да го користи терминот „македонски (јужнословенски) јазик“

Германската „Веридос“ ќе ги печати новите пасоши на граѓаните на Северна Македонија

(Фото) Во пасошите почнаа да се става печатот со појаснување дека припаѓаат на Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Собрание експресно изгласани измените на Кривичниот законик за помали казни за функционерите

Редакција

Обвинителството бара повисока казна за сопственикот на „ДоказМ“, а одбраната укинување на пресудата

Редакција

Нови 617 случаи на Ковид-19 од 4.621 тестирања

Редакција