еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Идентификувани уште 11 учесници од „орото“ во Гевгелија

Секторот за внатрешни работи од Струмица, во врска со гевгелискиот настан од 19 месецов, кога на првиот велигденски ден на улицата „Јосиф Јосифовски“ се играло оро за време на полициски час соопшти дека се идентификувани уште 11 лица покрај досега идентификуваните 23 лица.

СВР Струмица и ОВР Гевгелија продолжуваат со преземање на мерки и активности о цел целосно расчистување и документирање на настанот, се вели во соопштението.

Со новоидентификуваните лица во текот на денешниот ден ќе бидат објавени службени разговори во станицата во Гевгелија, а полициските службеници продолжуваат со идентификување на нови лица кои биле присутни на местото на настанот.

По целосно документирање на настанот против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни казнени пријави до ОЈО Гегелија со чија што координација се води целата постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Идентификувани 18 лица од „орото во Гевгелија“, ќе има казнени пријави

“Гевгелиското бе, го знаеш, три напред, еднаш во затвор„: Твитер реакции за орото во Гевгелија

(Видео) Какви мерки, каква корона: Во Гевгелија оро за Велигден

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 25 лица, најмладиот пациент на 27 години

Редакција

Србија ќе се приклучи кон интерконекторот за гас Македонија-Грција

Редакција

(Фото) Заев му посака добредојде на Ципрас во Охрид

Редакција