еМагазин
Image default
Техно

IFA 2019: Samsung Electronics прославува пет децении од дизајнирање на иднината

Samsung Electronics Co., Ltd., денес ја одбележи својата 50. годишнина на IFA 2019 и одржа прес конференција на која пред сите ја претстави својата визија фокусирана на иновација, поврзаност и иднината.

Компанијата се изјасни дека: ќе ја демократизира QLED 8K технологијата со претставување на целосна линија на QLED 8K телевизори; ќе има иновации во пазарот за домашни уреди со својата BESPOKE серија на прилагодливи фрижидери; и додатно ќе го прошири придонесот на Samsung 5G уредите со претставувањето на новите Galaxy A90 5G и Galaxy Fold 5G.

Овие нови понуди, плус многу други, ја илустрираат постојаната амбиција на Samsung да го развива своето портфолио со смели и нарушувачки производи и услуги кои се дизајнирани за иднината.

„Од моментот кога Samsung го понуди оригиналниот црно-бел телевизор пред околу 50 години, ние претставуваме врвни технологии низ нашите кориснички електрични апарати, домашни уреди и бизниси во мобилната технологија,“ рече Benjamin Braun, главен маркетинг офицер и потпретседател, Samsung Europe. „Samsung ќе продолжи да гради врз наследството на компанијата и да носи иновации кои ќе го променат животот на нашите корисници.“

Целосна линија на визуелни екрани најавени со новиот QLED 8K телевизор од 55 инчи

Од лансирањето на Samsung QLED 8K телевизорот минатата година, вкупните набавки на QLED телевизори се зголемени за 200% од година во година. Брзото присвојување на QLED телевизорите водеше до продажба на повеќе од два милиони уреди низ целиот свет од првата половина на оваа година, воден од потврдениот аптетит на корисниците за високо квалитетни телевизори со големи екрани.

За дополнително да се развие самата серија, QLED 8K телевизорот од 55 инчи ќе биде дел од QLED серијата на Samsung со моменталните верзии од 65, 75, 82 и 85 инчи.

QLED 8K телевизорот од 55 инчи ќе биде достапен глобално од септември. Со овој нов додаток Samsung одговара на барањата на корисниците за поголем избор нудејќи поголем опсег на опции со различни големини за потребите на различните домови.

Новата варијација од 55 инчи ќе ги има сите премиум предности на QLED 8K телевизорската серија, вклучувајќи незаменлив квалитет на сликата со длабочина и детали, 100% волумен на боја и технологија за зголемување на база на врвна вештачка интелигенција (AI).

Без разлика дали корисникот гледа содржини преку сервис за стриминг, дополнителен уред преку HDMI, USB, или пак преку пресликување на екранот од смартфонот, Quantum Processor 8K ги препознава и ја зголемува ниската резолуција на содржина на јасен 8K квалитет.

BESPOKE домашни уреди за модерниот начин на живот на корисниците

Како што се замаглува линијата помеѓу мебелот и домашните уреди, така Samsung создава сѐ повеќе решенија за уредување на домашната средина за да ги исполни големиот опсег на потреби на корисниците.

За да го оствари истото, новиот врвен BESPOKE фрижидер на Samsung доаѓа во Европа. Дизајниран во модуларни единки овој фрижидер може беспрекорно да се вклопи во разни простори со достапната широка лепеза на опции за зголемување и намалување од дизајни со една врата до дизајни со четири врати.

За корисниците кои сакаат нешто повеќе од својата кујна, Samsung денес ја претстави новата мулти функционална Dual Cook Steam фурна. Таа може да се пофали со модерен дизајн кој нуди исклучителна флексибилност со мулти-готвачки способности.

Фурната се мести вертикално и вклучува површини со текстура со нов кориснички интерфејс кој го зголемува нивото на дизајнерска мистерија. Со својата Dual Cook Steam опција самата фурна може да готви со конвекција во еден оддел, а со пареа во друг.

Со влијанието кое го надминува нашето секојдневие, иновациите на Samsung во кујната веќе ни помогнаа да го намалиме нивото на отпад што моментално го имаме во нашите домови. Компанијата го помести истото еден чекор понапред  на IFA 2019 преку најавата на продлабоченото партнерство со Whisk, девелопер на платформа за паметна храна.

Преку интеграцијата на домашните уреди на Samsung како интелигентни листи за купување на намирници во Family Hub фрижидерите, Samsung и Whisk овозможуваат поголема пријатност и еколошки одговорно готвачко искуство за целото семејство.

Како просечниот дом станува сѐ покомпактен и сѐ поголем број на луѓе се населуваат во урбаните средини, Samsung се фокусира да понуди производи коишто ќе одговараат на постоечкиот начин на живот на корисниците. AirDresser и изгледа како гардеробер или вертикално огледало, е уред кој ги освежува алиштата.

Дополнително, Samsung го претстави и Air Purifier AX9500, системот за прочиствување кој е прв во светот со Wind-FreeTM. Истиот е со модуларен дизајн кој се осигурува во тоа да соодветствува во најразлични домови и кој има три слоен систем за филтрација кој го намалува присуството на штетни гасови, прашина и алергенси од воздухот во средината на живеење.

Со новата POWERstick Jet™ безжична правосмукалка, корисниците ќе го почувствуваат моќниот 200W капацитет на вшмукување кој е најдобар во својата индустрија.

Со 5 слојниот HEPA филтрациски систем и едночасовната батерија, правосмукалката може да прочисти 99.999 проценти од честичките на прашина и алергенси, не дозволувајќи им да се вратат во воздухот преку издувниот систем.

Го претставуваме новиот Galaxy A90 5G: Samsung го проширува 5G активниот Galaxy екосистем

Од претставувањето на Galaxy S10 5G на почетокот на годината, Samsung работи заедно со својата глобална мрежа на партнери да овозможи пристап до 5G мобилната поврзаност за сите.

Денес Samsung дополнително ја зацврстува својата 5G смартфон линија со лансирањето на новиот Galaxy A90 5G, кој ќе биде достапен во Европа од октомври. Со Galaxy A90 5G, корисниците можат брзо да симнуваат содржини со висок квалитет и да споделуваат видео во живо; да се внесат себеси во големиот FHD+ Super AMOLED Infinity-U екран од 6.7 инчи; и да ги искусат придобивките од 4.500mAh батеријата и 48MP главната камера.

Galaxy A90 5G, на корисниците кои се гладни за содржини, им нуди оптимален уред за создавање и нивно уживање.

Samsung го потврди и долгоочекуваниот Galaxy Fold кој ќе биде достапен во Космос црна и Вселенско сребрена боја од 18. септември 2019 во држави како Франција, Германија, Сингапур и Обединетото Кралство, со тоа што следно ќе биде лансирањето во САД.

Моделот кој е подготвен за 5G исто така ќе биде достапен во избрани држави, овозможувајќи им на корисниците со најновата мрежна поврзаност дополнително да го развијат своето искуство на преклопување.

Посветени кон тоа на корисниците да им донесат исклучително корисничко искуство со разни квалитети и големини, изминатото лето Samsung претстави голем опсег на нови производи.

Galaxy Note10 and Note10+ носат моќ и перформанси кои се водечки во својата категорија, коишто им овозможуваат на корисниците да работат на начинот на кој што тие сакаат и да го изразат својот креативен дух додека се во движење.

Новиот Galaxy Tab S6 доаѓа со уникатниот S Pen и е првиот таблет во светот кој има двојна камера со Ultra Wide леќа и 10.5 инчи супер AMOLED екран. Дизајниран за корисниците кои сакаат врвни перформанси, а кои не сакаат да се ограничени од тежината на еден лаптоп, Galaxy Book S  ја комбинира мобилноста и поврзаноста на смартфон со моќната продуктивност на личен компјутер.

Конечно, на 6. септември, Samsung ќе го претстави и новиот Galaxy Watch Active2.

Од 2017 година Samsung ги изложува своите иновативни технологии во Samsung Town, посебно дизајниран простор кој го претставува целосниот опсег на производи за посетителите да ги почувствуваат уникатните и погодни начини на поврзано живеење.

Оваа година Samsung зазема нов пристап во дизајнирањето на простори за сите видови на корисници, од тие што работат од дома до инфлуенсери, младенци и повеќе. Samsung Town ќе го претстави тоа како животот станува поедноставен со автомотив и Samsung Bots.

За да откриете повеќе за производите кои Samsung ги претстави на IFA 2019, посетете го Samsung Electronics Booth на ниво 2, City Cube Berlin од 6. до 11. септември.

За повеќе информации за Samsung и портфолиото на производи ве молиме посетете ја www.samsung.com.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со своите трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на ТВ уредите, смартфоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни уреди, мрежните системи, меморијата, LSI системот, леењето и LED решенијата. За најновите вести, ве замолуваме да ја посетите Samsung Newsroom news.samsung.com.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Galaxy Buds+: Променете го начинот на кој што го доживувате звукот

Редакција

А1 Game Fest финале на 28 и 29 октомври

Редакција

Твитер доби конкуренција, Цукерберг го лансираше „Тредс“

Редакција