еМагазин
Image default
Македонија

Игор Дурловски нема да бара амнестија

Македонскиот оперски пејач, Игор Дурловски, кој е меѓу обвинетите за настаните во Собранието од 27 април лани, на својот Фејсбук профил соопшти дека нема да бара амнестија.

“Почитувани, наместо молба за помилување, ја споделувам со Вас мојата одлука да продолжам со борбата за докажување на мојата невиност за обвинението за кое ми се суди.

Секоја борба носи свој ризик, а со оваа постапка го ставам на ризик и мојот и животот на моите најмили, но, убеден сум дека ме разбираат зошто ова е важно, да се бориме за своите принципи, за правда, доследно и храбро.

Се надевам дека со оваа одлука ќе и ја одземам можноста на политиката да се постави над правичноста и судството. Во свое име и во име на моите пријатели од „Заедничка Македонија“ и на илјадниците чесни и мирољубиви граѓани кои ги исполнуваа улиците со љубов кон татковината.

Ја отфрлам можноста да бидам дел од селективна правда и понатамошни интриги со криење позади превезот на Вашето политичко „помирување“. Вистинско помирување може да постигнеме само со правда, чест и морал.

Останувам со чисто срце со љубов кон татковината, верба во Бога и надеж за подобра иднина за сите нас.

Да живее Македонија“, напиша Дурловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 70 лица опфатени со случајот „27 април“, до сега барања за амнестија поднеле 57

Фото: Фејсбук/Дурловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од ДУИ објаснуваат: Ахмети не спомнал непријателски медиуми, туку агресивни тонови од граѓаните во контактните емисии на Алфа и Телма

Редакција

Латас се извини: Целта е да ме тргнат од јавноста

Редакција

Кои се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за министри и заменици-министри во техничката влада

Редакција