На 17.12.2018 година во 11,15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во средното училиште „Арсениј Јовков“ од страна на Е.Џ. (17), А.Б. (16) и уште едно лице со употреба на нож бил нападнат С.Р.(18) од Скопје, а потоа физички нападнале уште тројца ученици на возраст од 17 и 18 години, по што го напуштиле местото на настанот, информира МВР.
С.Р. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.