еМагазин
Image default
Бизнис

Илијевски: Индустријата на игри на среќа е силен импулс за државната и локалната економија и стимул за други стопански гранки

„Индустријата на игри на среќа е силен импулс за државната и локалната економија, која учествува со 4% во БДП, придонесува со 253 милиони евра во државниот буџет, директно вработува 7.700, а индиректно 54.000 луѓе, истакна денеска претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), Васко Илијевски на брифингот за медиуми.

„Оваа индустрија е и стимул за други стопански гранки, особено компаниите за производство и продажба на мебел, компјутерска и телекомуникациска опрема, развој на софтвер, набавка и одржување на возен парк, наемнини на простор и др.“, додаде тој.

Илијевски потсети и дека 3% од приходот од игрите на среќа одат во Агенцијата за спорт и млади, па така само во 2018 година благодарение на индустријата на игрите на среќа, обезбедени се 1 милион евра, директни инвестиции за развој на спортот и младите.

Во 2019 година, Асоцијацијата активно работеше на свое позиционирање на ниво на репрезент на индустријата на игрите на среќа во обложувалница, со цел организирано делување и остварување на правата за активно учество при носење на регулатива, а во насока на подобрување и унапредување на законските и подзаконските одредби во областа на игрите на среќа во обложувалница.

Поттикнати од предлог измените на Законот за дислокација на обложувалниците, во март годинава, АСОМ спроведе и истражување на јавното мислење со цел реално да ги согледа состојбите на терен и перцепцијата на јавноста.

Согласно истото, 53% од испитаниците сметаат дека новиот закон нема да доведе до промена на навиките на спортско обложување, односно дека поголемо влијание имаат други фактори освен локацијата на објектите.

Дека Законот е веќе строго и прецизно регулиран се изјасниле 61% од испитаниците, а повеќе од половина од граѓаните се согласуваат дека доколку се случат измените во законот, луѓето ќе продолжат да се кладат на црно 73% од испитаниците, ќе се кладат on-line 69%, а 53% сметаат дека ќе се поттикне сивата економија.

Во контекст на често споменуваните големи влогови, според истото истражување, 75% се изјасниле дека вложуваат максимум 200 денари, најчесто изјавувана сума е 100 денари, како причина за обложување 79% од играчите навеле забава и дружење со пријателите, а 74% дека преку играта го следат спортот.

Освен погоре споменатото, АСОМ годинава беше дел и од Меѓународна конференција за регионалните законски измени за игрите на среќа во организација на Европската организација на игри на среќа во Бања Лука, лансираше своја веб страна (www.asom.org.mk) и активно работеше на полето на општествената одговорност и како Асоцијација, но и сите нејзини членки поединечно.

Така, веднаш по несреќата кај Лескарци, АСОМ донираше 1,2 мил денари за семејствата на настраданите, Спорт Лајф целосно го обнови спортското игралиште во ОУ „Кочо Рацин“ и донираше медицински апарати во Детската клиника, Моцарт комплетно го обнови ракометното играчиште „Женска плажа“ во Струга и донираше медицински апарати во Детската клиника, а Евро Тип, освен што е генерален спонзор на одбојкарскиот и фудбалскоит тим на Пелистер има реализирано бројни донации во образовни, спортски и медицински установи.

„Согласно нашата стратегија за следната година, предвидуваме кампањи и програми за едукација на  вработените и играчите за неопходноста од почитување на законите и правилата, за важноста од одговорно обложување и приредување на игри на среќа и подигање на свеста за можните негативни влијанија од истите.

И во 2020 продолжуваме да создаваме услови за работа и кариера, активно да работиме на интензивирање на соработката со сите засегнати страни, активно се вклучуваме во носење и унапредување на регулативата, законите и подзаконските акти и секако, остануваме посветени на стратегијата за општествено одговорно делување и добробит за заедницата во која работиме“, заклучи Илијевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфраструктурата и корупцијата се дел од проблемите на странските инвеститори, само 43% би инвестирале пак

Редакција

Макпетрол лани со 2,6 пати поголема добивка

Редакција

Еуромакс Ресоурцес: Подготвени сме да се формира „Независно мониторинг тело“ во кое ќе бидат вклучени граѓаните за да го следат процесот на реализација и работење на идниот рудник

Редакција