еМагазин
Image default
Свет

Илон Маск поднесува оставка од позицијата претседател на УО во Тесла и ќе плати казна од 20 милиони долари

Основачот на компанијата Тесла, Илон Маск, постигна договор со Агенцијата за надзор на пазарот на хартии од вредност на САД (SEC), која го обвинува за измама, со кој тој ќе ја напушти функцијата претседател на Управниот одбор, но ќе остане генерален менаџер.

Според договорот, Маск и Тесла мора да платат надомест од по 20 милиони долари.

Како извршен директор, Maск ќе продолжи да биде одговорен за операциите за  производство на автомобили кои минуваат низ деликатната фаза во момент кога се обидува да создаде модел на електрично возило од средна класа и негово масовно производство.

Тесла ќе мора да именува двајца независни директори во УО, а еден од нив ќе преземе претседавање. СЕЦ со тоа планира УО подобро да го надгледува Маск.

Маск сепак, не ќе може да биде на чело на УО во следните три години.

Во четвртокот, СЕЦ официјално го обвини Маск дека со Твит за повлекување на Тесла од берзата  инвеститорите ги довел во заблуда. Компанијата потоа загуби околу 14 отсто од вредноста.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Им подлегна на повредите: Почина Шинзо Абе, поранешниот јапонски премиер

Редакција

Невреме беснее низ Европа: Во поплавите во Германија 90 загинати и повеќе од 1.300 исчезнати, во Белгија 11 жртви

Редакција

Данска ќе убие 17 милиони куни поради откриена мутација на Ковид-19

Редакција