еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Има ли основа за кривична одговорност за заразената директорка Нина Цаца Биљановска?

Несовесната директорка на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, која е едно од новите лица заразени со коронавирусот во Македонија, ќе биде разрешена дури по изборите, бидејќи како што објасни министерот за здравство, Венко Филипче, поради предвремените парламентарни избори сега нема формално-правна можност за тоа.

На прашањето пак дали има основ и за кривична одговорност на директорката, Филипче на прес-конференција одговори дека за тоа треба да постапат и регираат надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ароганција на најјако“: Докторка „молчи“ за коронавирус, професори бараат секс и поткуп

„Докторката која не се грижеше за сопственото здравје“: Твитер реакции за директорката Нина Цаца Биљановска

Директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска ќе биде разрешена во прва прилика

Таа како што е познато била на скијање во Италија, а откако се вратила во земјата не ги почитувала препораките на Министерството за здравство за превенција против коронавирусот и пет дена одела на работа, доведувајќи ги во ризик колегите и пациентите.

Се појавила дури и на предавање на кое присуствувале 103 здравствени работници, доведувајќи го и во прашање функционирањето на здравствениот систем, ставајќи во изолоцаија околу 200 лица и затвори две клиники, едната во Скопје, другата во Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заразената директорка викендов држела предавање на колеги, била во контакт со над 300 лица

Осум лица се тестираат на корона вирусот, околу 200 се во домашна изолација

Се затвора Клиниката за кожни болести во Скопје и кожното одделение во Штип

ИМА ЛИ ОСНОВ ЗА КРИВИЧНО ГОНЕЊЕ?

Според членовите 205 и 206 од Кривичниот Законик, кои предвидуваат парични и затворски казни, за директорката има основ и за кривична одговорност.

Член 205

(1) Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три година.

(2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што не постапува според прописите или наредбите од став 1 во поглед на сузбивањето или спречувањето на заразните болести кај животни кои можат да се пренесат на луѓето и со тоа предизвикува пренесување на заразна болест.

(3) Ако како последица од делото од став 1 е пренесена неизлечива заразна болест, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

(4) Обидот од делото од став 1 на овој член за пренесување на неизлечлива заразна болест е казнив.

(5) Тој што ќе ја загрози сигураноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неилечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеци.

(6) Тој што делото од ставовите 1 и 2 ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.

(7) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна. Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Член 206

(1) Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Основ за правна одговорност за директорката има и во Законот за заштита на населението од заразни болести:

Член 67

Со парична казна од 30.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок физичко лице,
ако:

1) открие или се посомнева на заразна болест, а не ги преземе пропишаните мерки со
овој закон (член 15);

2) не пријави заразна болест, односно сомневање за заразна болест или носителство на
причинител (членови 17, 18, 19 и 20);

3) не упати лице каснато од бесно или сомневање на бесно животно за антирабична заштита (член 21);

4) одбива изолација, задолжително лекување или друга мерка од членот 28 или карантин од членот 29 на овој закон;

5) одбие или на друг начин оневозможи спроведување на надзорот од членот 31 и 32 на
овој закон;

6) одбие вакцинирање за болестите утврдени во членот 33 на овој закон или заштита со
специфичен имуноглобулин (член 34) или заштита со лекови (член 36);

7) не изврши претходен преглед или даде вакцина без присуство и под надзор на доктор по медицина (член 35);

8) одбие задолжителна дезинсекција од членот 40 на овој закон;

9) не изврши или избегнува вршење на задолжителен здравствен преглед ( членови 44
и 45) и

10) постапи спротивно на забраната од членот 46 на овој закон.

За сега кривична одговорност за Биљановска побара само опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Катимерини“: Мицотакис му кажал на Заев дека никогаш немал да го потпише Договорот од Преспа

Редакција

Во октомври температурите повисоки за 2,4 степени, 19 дена било над 20 степени

Редакција

„Ќе ги фарбаат на Нефи и на Мерко дивоградбите со зелена боја“: Твитер реакции за изнедувањето на ДУИ дека ќе станеле „зелена партија“

Редакција