еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Има ли шанса Катица Јанева од Шутка да заврши во домашен притвор?

Како и што се очекуваше адвокатката на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, поднесе барање за укинување на притворот во кој Јанева заврши, откако беше приведена за случајот “Рекет“.

За тоа дека Јанева може да заврши од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто оризари во домашен притвор се шпекулираше подолго време.

Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска смета дека веќе нема основа Јанева да остане во притвор, бидејќи е разрешена од шефовската позиција во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и од ОЈО Гевгелија.

Со самото разрешување отпаѓа и можноста за влијание на Јанева врз сведоци и за повторување на делото.

Дали Јанева ќе добие домашен притвор или друга мерка на претпазливост ќе се знае до петок до кога и истекува притворот од 30 дена.

За да може Јанева да се брани од слобода, понудена е и гаранција во недвижен имот.

Јанева заврши во притвор поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.

Мерката притвор на Јанева и беше изречена по три основи – опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе паднат ли како кула од карти предметите на СЈО во судот во Стразбур?

Каков имот нуди Јанева како гаранција за да излезе од притвор?

(Видео) „Сега ќе си одам и не доаѓам веќе“: Снимката од заминувањето на разрешената Катица Јанева од Собрание хит на Твитер

(Видео) „Отвори, отвори“: Како разрешената Катица Јанева ја отвори портата на МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ослободени тројцата косовски полицајци кои ги уапси Србија

Редакција

Штипски Бетон во загуба

Редакција

(Видео) Додека тресеше земјотресот во Турција медицински сестри трчаа да спасат бебиња во инкубатори

Редакција