еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Имаме 536 пожарникари помалку од законски потребните

На 30-те територијални противпожарни единици во земјава им недостигаат 536 пожарникари за да имаат барем толку вработени колку што е законски пропишаниот минимум, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

„Само четири од 30 единици имаат повеќе пожарникари од законскиот минимум (и тоа само по еден или двајца), додека шест единици имаат колку минимумот. Најмногу пожарникари, повеќе од 200, му недостигаат на Скопје.

Следуваат Тетово, каде недостигаат 65 пожарникари и Гостивар со 52 пожарникари помалку од законски предвидените. Во Куманово недостигаат 49 пожарникари, во Битола има кусок од 32, а во соседен Прилеп од 26 пожарникари,“ се вели во истражувањето.

Кога станува збор за возилата, противпожарните единици располагаат вкупно со 241 возило, каде спаѓаат не само возилата за гасење пожар и цистерните за вода, туку и сите други возила на противпожарните екипи.

Просечната старост на возилата е 28 години и 68 % од нив се од минатиот век.

За споредба, според истражувањето од пред точно една година, бројот на возила изнесуваше 220, просечно стари 27 години. Исто така, последното истражување на возилата на министерствата и општините покажа дека нивната старост, пак, е 12,5 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонец во Германија: Мерките за корона вирусот се спроведуваат и без полициски час

Редакција

Доктор Даниловски прашува зошто ако е набавена биолошката терапија, смртноста од рак расте

Редакција

УХМР: Од утре снег и голомразица

Редакција