еМагазин
Image default
Македонија

Имаме меѓу највисоките стапки на вакцинација во регионот, вели Филипче

Министерот за здарвство Венко Филипче денеска изјави дека во овој момент имаме највисока стапка на вакцинација, споредено со многу земји во регионот, па дури и во овој дел на Европа.

– Искрено верувам дека така и ќе продолжиме. Околу 33 илјади жители во Битола се вакцинирани, од тоа 23 илјади се ревакцинирани. Тука вакцинацијата ќе продолжи во Здравствениот дом, кој сега веќе е целосно реновиран, сите простории се опфатени вклучувајќи ги вакциналните пунктови.

И изминатава недела имаме прилично висок процент за вакцинација, што сметам дека е многу добро и се надевам дека така и ќе продолжи, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на вакцинацијата на децата, тој потенцира дека немаат во план, како за нив, така и за возрасните да наметнат правила и таа да биде задолжителна.

– Апсолутно, ниту за училишта, ниту за средни, ниту за факултети, итн. Меѓутоа, во овие места кај што има ризик за големи собири, тука размислуваме без разлика дали станува збор за адолесценти, постари луѓе.

Така што допрва ќе разговараме за мерките. Како и се до сега што добро го осмислувавме и добро го димензиониравме, сакаме и овие евентуални мерки да бидат добро осмислени со цел да продолжи нормално животот.

Ние не можеме да живееме ниту затворени, ниту со рестрикции, ниту да трпи повеќе економијата посебно сега кога има вакцина на располагање, истакна Филипче.

Во однос на количината на вакцини, тој појасни, дека секој понеделник стигнуваат меѓу 20 и 30 илјади вакцини и тоа е комбинација од директниот договор со компанијата „Фајзер“ и помошта што стигнува преку земјите членки на ЕУ.

Филипче потенцира дека за третиот и четвртиот квартал само од директниот договор вкупно треба да стигнат 700 илјади вакцини „Фајзер“, што, според него, е сосема доволно и во овој момент има доволно вакцини.

– На територијата на цела држава опфатот со вакцинација на граѓаните над 70 години е 63 проценти, над 50 години е 45 проценти. Понатаму како се намалува возрасната група опаѓа и опфатот со вакцинацијата, додаде Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од половина милион граѓани вакцинирани против Ковид-19

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството го доби вештачењето за телефонот, нема сознанија каде е Јанева

Редакција

Од понеделник ќе се прави скрининг-тестирање за имунитет на Ковид-19 на населението во земјава, најави Петличковски

Редакција

„Господ на помош“: Боки 13, кој излезе од затвор објави селфи од пред Соборниот храм

Редакција