еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Името Република Северна Македонија влегува во меѓународна употреба веднаш, за домашна во следните 5 години

Македонскиот премиер Зоран Заев во своето денешно, прво обраќање до македонската јавност, по изгласувањето на уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа, со кој меѓудругото се менува името на Македонија во Северна Македонија, рече дека уставните измени денеска треба да бидат објавени во Службен весник на РМ по што, на почетокот на следната недела македонското Министерство за надворешни работи ќе испрати нота до грчкото МНР за да ги известат дека е завршен процесот.

„Верувам дека уште на почетокот на идната седмица со објавувањето во Службен весник денеска на донесените вчерашни одлуки ќе ја испратиме нотата од нашето МНР до МНР на Грција да знаат дека е завршен нашиот процес.

Веднаш после тоа тие влегуваат во нивниот процес за ратификација на Договорот, а веднашп после тоа и за ратификација на протоколот за членство во НАТО. Со тоа стапува во сила Договорот од Преспа.

Следува нашата обврска да пуштиме писмо до сите земји во светот за одлуката што ја донесе македонскиот Парламент, тоа е дел од обврската од Договорот и тоа ќе го направиме, рече Заев, појаснувајќи дека името Република Северна Македонија влегува во меѓународна употреба веднаш, за домашна употреба со отварање на поглавјата со ЕУ, не повеќе од пет години и дека верува дека и Грција ќе го ратификува Договорот.

Рече и дека за стапување во сила на уставните измени не е потребен потпис од претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Заев и Ахмети заедно славеа за „Северна Македонија“

Имаме „нов“ сосед, Република Северна Македонија: Што пишуваат регионалните медиуми за промената на името

Твитер за „Северна Македонија“: „Дали Груевски може да се врати, пошто државата која го гонеше веќе не постои?“

Зборот Македонија во Уставот ќе биде спомнат само еднаш, Северна Македонија 287 пати

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Уставот е јасен, Собранието е веќе распуштено и не може повторно да заседава

Редакција

Вкупно 347 лица починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција

Лажни сите денешни дојави за бомби во скопски училишта

Редакција