еМагазин
Image default
Балкан

„Индипендент“ со сторија ја „утепа“ Албанија: Европската Колумбија ни е прв сосед

Хероин и кокаин наместо канабис е новата главна преокупација на дилерите во Албанија која реномираниот „Индипендент“ во новата сторија ја нарекува Европската Колумбија.

Весникот пишува дека власта во Албанија пред неколку години почна агресивна акција со надеж дека со уништувањето на полињата со канабис ќе го намалат криумчарењето на дрога и ќе и помогнат на земјата да се приближи кон ЕУ, но дилерите постепено се префрлиле во нова смртоносна игра тргувајќи со кокаин и хероин.

Британскиот весник во големата сторија „Европската Колумбија – Како малата Албанија стана седиште на криумчарење на дрога на континентот“ информира дека мрежата што ја користеле за канабисот дилерите сега ја користат за потешки дроги.

Тие го дистрибуираат кокаинот од Латинска Америка и хероинот од централна Азија преку Италија и останатите делови од Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ердоган: Падот на турската лира е заговор против Турција

Редакција

Договорот од Преспа ги „подели“ Независни Грци

Редакција

По повеќе од 20 години најава за авионска линија Приштина-Белград

Редакција