еМагазин
Image default
Бизнис

Индустриското производство со пораст од 5,6 проценти во првите девет месеци

Во првите девет месеци од годинава индустриското производство бележи раст од 5,6 проценти во однос на истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во септември годинава во однос на истиот месец лани е зголемено за 6,1 процент.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „Рударство и вадење камен“ во септември  годинава, во однос на септември 2018 година, бележи опаѓање од 7,4 проценти, во „Преработувачка индустрија“ пораст од 4,6 проценти, а во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ бележи зголемување од 32,2 процента.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, бележи пораст кај енергијата за 25,5  проценти, капитални производи за 6,4 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 14,7 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за седум проценти, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 3,5 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„6 Мај“ купи, “Јан комерц“ продаде акции во битолски “Фустеларко Борец“

Редакција

Млекара Здравје ќе го освојува ЕУ пазарот со добивањето на престижниот IFS стандард за безбедно производство

Редакција

Во јуни просечната плата 28.744 денари

Редакција