еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Инфективните одделенија се оптоварени, лекарите преморени: Реорганизација за напливот пациенти со корона вирусот

Во изминатите два-три дена интензивно работевме на организација и планирање на капацитетите со цел да одговориме на напливот на пациенти, чија бројка во овој момент изнесува околу 330 пациенти позитивни на Ковид-19 во сите јавни здравствени установи во нашата земја, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Инфективните одделенија и клиниките, посочи, се оптоварени, дел од здравствените работници навистина изморени, после четиримесечна борба со коронавирусот, состојбата на сите одделенија бара постојан надзор и реорганизација на работата.

„Целиот фокус во овие изминати денови го насочивме кон клиничкиот дел и менаџментот на пациенти во периодот којшто е пред нас. Во оваа фаза од епидемијата мора да се организираме и да се подготвиме за целосно амортизирање на напливот на пациенти преку мобилизација и организација на сите расположливи ресурси во нашата земја.

Мораме и можеме да го заштитиме здравствениот систем, да го намалиме колку што може повеќе притисокот врз здравствените работници и да обезбедиме прием и добро лекување на сите пациенти кои имаат потреба од тоа“, потенцира Филипче.

Тој се осврна на подетална анализа, како и со моментната состојба во болниците каде има голем број пациенти, а здравствените работници се борат за животите на сите пациенти.

„Од вчера на ротација и помош во Скопје на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“ пристигнаа вкупно 54 доктори и медицински сестри. Тие веќе почнаа да работат, со што е намален притисокот, што го имаше во изминатите денови.

Веќе е направен план и за следни ротации и прераспределба на кадар, како од клиниките, така и од сите болници и здравствени домови од земјава. Во моментот капацитетите на клиниките и одделенијата се различно пополнети, во зависност од капацитетите.

Пополнетоста е далеку од максимумот, повеќето клиники и инфективни одделенија и покрај тоа имаат потреба од поддршка, од дополнителен број доктори и сестри и токму тоа се спроведе во изминатите денови“, рече Филипче.

Во однос на реорганизацијата, додаде дека веќе разговарал и со приватните клиники и болници кои го понудиле и својот персонал како поддршка, за што и деновиве ќе се направи распоред, и по потреба и тој кадар ќе биде на помош во јавно здравствените установи.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сите скопски општини скокнала бројката на новозаразени со корона вирусот, Чаир на врвот со 306

Девет новопочинати пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 210

Нови 193 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје дури 140

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје доби уште една елка, иста по големина како „несреќната“

Редакција

Мицковиќ добивал закани да не сведочи за случајот „Маџар телеком“

Редакција

„Тутма“ на Богородица: Голем број Македонци во Грција ќе го прослават Денот на независноста

Редакција