еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Инфектологот Каламарас: Персоналот почна да се разболува од корона вирусот, со вашите теории на заговор ќе го убиете па лечете се сами

Инфектологот Патриција Каламарас, која работи на инфективното одделение во ГОБ „8 Септември“ револтирана од вчерашната слика која покажа како редици автомобили го напуштаат Скопје, граѓани кои не почитуваат мерки, оние кои не веруваат дека вирусот постои, упати неколку пораки преку нејзиниот фејсбук-профил.

„Дали мислите дека со негирање за постоење на вирусот ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека со вашето надмудрување и непочитување на препораките ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека со вашите теории на заговор, 5Г и политички препукувања ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека е во ред да го уништите целиот наш макотрпен труд, одрекување од фамилиите, одрекување од нормален живот со обвиненија дека се е измислица и дека ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека го заслужуваме ова ние кои постојано бдееме над вас?

Дали мислите дека мерките кои се донесуваат се против вас и дека некој сака да ви наштети?

Дали сте свесни дека непочитувањето на мерките еден ден ќе не убие сите нас?

Уште колку време треба да помине за.да се уверите дека над сите нас виси мечот на смртта?

Треба ли да има помор на целиот народ за да сфатите дека вирусот е тука меѓу нас?

Дали сте свесни дека здраствениот персонал е на работ на силите?

Ќе се лечите сами?

А лекови?

Заштитна опрема?

Медицински персонал?

Почна да се разболува персоналот.

А зошто?

Затоа што вирусот не постои?

Едно големо благодарам од името на целиот медицински персонал за вашата почит кон нас. Ете со вашите теории на заговор убијте го целиот персонал, па со вашите теории на заговор ќе се лечите сами,“ напиша Каламарас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Леб можевте у Охрид да купите„: Твитер реакции за карантинот и „бегството“ на Скопјани

Еден од новопочинатите од корона вирусот немал контакт со потврден случај

58,8% од новозаразените со Ковид-19 имале контакт со потврден случај, а 21 лице е со претходни заболувања

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе остане ли некој во ВМРО-ДПМНЕ: И претседателот на УМС Кржалоски, поднесе оставка

Редакција

(Видео) „Време е да се преселите во Русија, зимата доаѓа“: Контроверзна кампања хит на социјалните мрежи

Редакција

Пендаровски: Државниот врв не разгледувал враќање на задолжителниот воен рок, ниту таква можност е отворена за во иднина

Редакција