еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Инфо деновите за мерка 3 од ИПАРД-програмата 2014-2020 продолжуваат во Прилеп, Тетово, Кичево и Скопје

По посетата на Ранковце, Свети Николе и Струмица, ИПАРД инфо караванот продолжува во следните градови: Прилеп, Тетово, Кичево и Скопје.

Средбата со заинтересираните граѓани во Прилеп ќе се одржи во салата на општината, утре со почеток во 11:00 часот.

Наредниот ден, на 16-ти јануари, на листата е Тетово каде средбата ќе започне во 10:00 часот во големата сала на општината, како и во Кичево, каде средбата ќе се одржи во 14:00 часот во Домот на културата „Кочо Рацин.“

Информативните денови во главниот град ќе се одвиваат на 17-ти јануари и тоа на две локации, општина Карпош со почеток во 10:00 часот и општина Аеродром со почеток во 14:00 часот.

Кампањата за информирање и едукација за инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој ИПАРД 2014 – 2020, од страна на секторот за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство е смислена со цел заинтерисираните граѓани и правни субјекти да можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел да добијат средства од оваа програма.

На инфо деновите ќе биде претставена Мерка 3 од ИПАРД програмата 2014-2020, која што овозможува инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибините производи.

Корисници на мерката можат да бидат правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 милиони евра) и задруги кои што се занимаваат со преработка на млеко и млечни производи, преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина), преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури), преработка на житарици, мелнички производи и скроб, растителни и животински масти и масла, шира, вино и оцет, а и оние правни лица кои што произведуваат енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа www.ipardpa.gov.mk, ipard.gov.mk, mzsv.gov.mk, agencija.gov.mk или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доцнат и вакцините против Ковид-19 од „Астра Зенека“ за ЕУ

Редакција

Петков: Премиерот не носи сам одлуки, ако има договор со Скопје прво МНР ќе ја извести Владата

Редакција

Меркел: Отворање на првите поглавја од преговорите со Скопје и Тирана оваа година

Редакција