еМагазин
Image default
Македонија

Инфомакс: Груевски во Будимпешта сместен кај пријатели, ќе се врати во Македонија кога ќе се создадат политички услови

Новинар на порталот Инфомакс, разговарал со лице блиско до поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кое неодамна го посетил екс лидер на ВМРО ДПМНЕ во Будимпешта.

Не станува збор за двете лица вработени во Царинската управа, туку за трето лице.

Соговорникот на порталот посочил дека Груевски планира да се врати во Македонија откако ќе се создадат политички услови за негово безбедно враќање.

Груевски според соговорникот на Инфомакс во Будимпешта бил сместен кај пријатели како нивен гостин. Тој само во првите два-три дена бил во хотел, по што на нивен предлог се преместил кај нив.

Имал највисок степен на политички азил, лична карта за странци и унгарски пасош за лица со статус на азил. Многу негови пријатели од Македонија и дијаспората, му понудиле финасиска помош, но засега не прифатил, бидејќи заради престојот кај пријатели имал многу мали и незначителни трошоци во Будимпешта.

Според соговорникот на Инфомакс, Груевски добил и неколку понуди за работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Груевски фотографиран како вади пари од банкомат во Унгарија

Нема таен договор за бегството на Груевски, вели Заев

еМагазин во Дебар: Дебарчани убедени дека Груевски избегал од овде

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 320 оздравени од Ковид-19

Редакција

Во дом за стари лица во Битола заболено едно лице од корона вирусот

Редакција

МОН и Бирото за развој на образованието ќе донесат одлука на кој начин ќе се надомести пропуштената настава

Редакција