еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Инфрацрвена сауна долгорочна инвестиција во здравје и благосостојба на организмот!

Посетата на сауна има многу придобивки за нашиот организам. Освен што го чисти телото од токсини и нè ослободува од стресот, одењето во сауна го намалува високиот крвен притисок и ризикот од срцеви заболувања.

Во последно време експертите посебно ја препорачуваат инфрацрвената сауна која овозможува длабинска детоксикацијата на телото и кожата како резултат на длабокиот топлински ефект и загревањето на ткивата, предизвикани од инфрацрвената топлина која ја емитуваат Harvia Infrared грејачите.

Инфрацрвената топлина продира длабоко и овозможува темелно чистење на телото и исфрлање на токсини како тешки метали, алкохол, никотин, холестерол, вишок на минерали и млечна киселина. Потта која се лачи при потење во инфрацрвена сауна, содржи до 17% токсини.

Инфрацрвената сауна има пониска температура до 50степени, за разлика од класичната Финска сауна каде температурата е од 70-90 степени, што е особено погодна за оние кои не поднесуваат високи температури од 80-90 Ц, а сепак сакаат да ги доживеат ефектите од сауната.

Доста е практична, бидејќи инстантно се загрева, и може да се вгради во било кој празен простор во домот/ соба / дневна / спална/ купатило / подрум, а предизвикува многу мала потрошувачка на струја. Нема потреба ни од плочки ни од вода, само обичен кабел монофазна струја.

Може да се вгради и во рамки на постоечка Финска сауна…

Дополнителни бенефити

-Претставува ефикасен начин за лечење на грчеви и вкочанети зглобови

-Научно докажано намалување на крвниот притисок, подобрување на циркулацијата.

-Помага при топење на масни наслаги и намалување на телесната тежина

-Помага при намалување на целулитот

-Претставува ефикасен начин за трошење на калории (до 600kcal со една терапија)

-Генерално ја подобрува благостојбата на организмот и здравјето.

-Ги стимулира мозочните клетки и лачењето на ендрофин (хормон за добро расположение)

-Помага при отстранување на белези, изгореници, егземи и сл.

„Инфрацрвената сауна Harvia дефинитивно претставува долгорочна инвестиција во здравјето и благосотојбата на организмот.”  А за брза, квалитетна и ефикасна изведба секако ја препорачуваме Пирин Експорт Скопје, компанија со традиција од 30 години, во проектирање и изведување Фински, инфрацрвени, Хималајски и комбинирани сауни со димензии и карактеристики по избор и желба на клиентот, во кој било празен простор”

 

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Многу луѓе измамени: Пановски злоупотребен во реклама за чај, кој се продава заради фабрикувана препорака од докторот

Редакција

Следува период на стабилно и потопло време

Редакција

Светски ден без градник: За спомопрегледување на рак на дојката ви е потребно исто толку време колку и за облекување на хулахопки

Редакција