еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Иницијативата на дизајнерите е полн погодок: Дневно се печатат по 1.000 заштитни маски на 3D принтери

Во изминативе неколку дена екипата на иницијативата за печатење медицинска опрема успеа капацитетот за производство да го зголеми на 1.000 заштитни маски на ден, со што е се поблиску до целта да се изработат и дистрибуираат најмалку 6.000 заштитни маски со визири до крајот на неделата, информираат инцијаторите.

Во понеделникот беа доставени околу 925 заштитни маски со визири и тоа во: ЈЗУ Берово, ЈЗУ Виница, ЈЗУ Пехчево, ЗД Ростуше, ЈЗУ Гостивар, ЗД Гостивар, ЗД Радовиш, ЗД Делчево, ГОБ 8. септември, Прилеп, Јасеново, Ургентен центар Клиника, Ургентен Градска,  Ендокринологија, Неврохирургија, Струга, Кичево, Карил, Психијатрија, Рес Хумана, Бета Медико, Пулмолгија, Велес, Трансфузиологија, ЗД Скопје, Центар за јавно здравје, Патофиза, Интензивна Св. Наум Охридски, Тоарилуц, Дрисла, Пластична хирургија, Торакална хирургија, Педијатрија, Козле, КБ Штип и ГОБ 8 септемвеи – Очно.

Во средата беа доставени 675 маски до следниве институции: ЈЗУ Завод Лешок, ЈЗУ Чаир Родилиште, ЗД Скопје, ЈЗУ Торакална Хирургија, ЈЗУ Детска хирургија, ЈЗУ Урологија, ЈЗУ Ургентен центар, ЈЗУ КАРИЛ, ЈЗУ Неврологија, ЈЗУ ОРЛ, ЈЗУ Офталмологија, ЈЗУ Нефрологија, ЈЗУ ГЕХ, ЈЗУ Ендокринологија, ЈЗУ Ревматологија, ЈЗУ Токсикологија, ЈЗУ Педијатрија, ЈЗУ Радиологија, ЈЗУ Онкологија, ЈЗУ Судска Медицина, ЈЗУ Институт за Патологија, ЈЗУ Институт Микробиологија,  ОБ Дебар, ЈЗУ Институт Патофиза, ЈЗУ ГОБ 8ми Септември, Ветеринарен Институт, ЈЗУ ГАК, и ЈЗУ Стоматолошки Клиники. Дополнително се предадени 10 заштитни маски со визири на Пазарна инспекција.

Бројот на дистрибуирани заштитни маски со визири до денес брои повеќе од 3.000 парчиња.

Покрај готови маски, испратен е материјал за работа до сите помали производствени групи по градовите низ државата, додека од денес, 3. април (петок) од 16-19 часот во ПЗУ Ординација по општа медицина „Медика Вера„ ќе се поделат заштитни маски и за ПЗУ матичните лекари, според нивните барања (секој ден освен недела, повеќе инфо ќе има на Фејсбук групата на иницијативата).

Планот за бесплатно снабдување со заштитни маски со визири за сите Јавни и приватни здравствени установи на национално ниво е во тек и се очекува да биде реализиран согласно производствениот капацитет и ресурсите до крајот на следната недела.

Членовите на иницијативата потсетуваат дека овие заштитни маски со визири се соодветно дезинфицирани, и дека се произведени од соодветни репро материјали кои можат со сигурност да ја извршат заштитната функција.

Врзано за информацијата дека се појавуваат заштитни маски со визири во малопродажба, од иницијативата апелираат да се почека да се обезбедат медицинските лица со заштитни маски бесплатно, бидејќи овие маски се произведуваат од донации, што беше и приоритет на оваа иницијатива.

Штом оваа цел се реализира, иницијативата ќе се затвори и ќе се повлече и компаниите можат слободно да ги пласираат своите производи до широката јавност.

Иницијативата на facebook групата: facebook.com/groups.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) По иницијатива на дизајн-сцената се изработуваат заштитни маски со визири за медицинските работници

Се работи турбо: Нова тура маски за медицинските работници и опфатени многу клиники

Одлична вест: Голем дел од клиниките обезбедени со заштитни маски испечатени на 3D принтери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија и Јужна Африка воспоставија дипломатски односи

Редакција

Бугарија нема да подлегне на рекет и уцени да го плаќа природниот гас во руски рубљи, вели Петков

Редакција

Приведените во „Империја“ донесени на распит пред судија на претходна постапка

Редакција