еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Инспекциските надзори не утврдиле неправилности на Струшкото крајбрежје

Државните инспекторати за животна средина, за градежништво и урбанизам и за земјоделство во соработка со овластениот градежен инспектор на Општина Струга извршиле надзор на конкретни парцели на Струшкото крајбрежје, при што констатирале дека нема изграден објект и не се одвиваат подготвителни, нити други градежни активности од поединци или групи, соопшти денеска Инспекцискиот совет.

Урбанистичкиот инспектор, како што е наведено, од увидот во достапните урбанистички планови, утврдил дека актуелниот Генерален урбанистички план за Општина Струга не ги опфаќа предметните парцели.

– Во однос на уништувањето и палењето на трска, известени сме дека околу парцелите што беа предмет на надзор се забележува појава на запалена трска и друга вегетација, поради што од страна на државен инспектор за заштита на природата и Државниот инспектор за животна средина поднесена е кривична пријава против непознат сторител до ОЈО во Струга, информира Советот.

Инспекцискиот совет, според информацијата, на 28 март издал повторен налог за вонреден координиран инспекциски надзор на истите инспекциски служби при што е побарано соработка од Агенцијата за катастар.

Во повторениот налог, проширен е и територијалниот опфат на инспекцискиот надзор, од детското одморалиште „Мајски цвет“ до селото Калишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „зовре“ за катастрофата во Струга: „Трска гори, Влада се чешла“

Четири кривични пријави за уништувањето на трската и узурпација на крајбрежјето

Поведена постапка против две лица за сечење на трската на крајбрежје во Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Медицински отпад, картонски и пластичен смет расфрлан низ гробиштата во Бутел

Редакција

УСЈЕ: Вонредната контрола покажа дека работиме според европските и домашните стандарди

Редакција

Поради загадувањето: Зимскиот распуст за сите ученици продолжен за два дена

Редакција