еМагазин
Image default
Македонија

Инспектори на УЈП му врачиле налог за финансиска контрола на Боки 13 во затворот во Шутка

Инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП) попладнево беа во притворското одделение на Затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, за да го известат првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски дека ќе вршат финансиска контрола во неговата невладина организација „Меѓународен сојуз“ и да му врачат налог за тоа.

Налогот за финансиска контрола мора лично да го добие Јовановски, кој е овластено лице на невладината организација, а претходно за да влезат во затворот од УЈП побарале и добиле дозвола од Кривичниот суд Скопје.

Инспекторите го известиле Јовановски дека од понеделник ќе ја преземат документацијата од Меѓународниот сојуз за да започне контролата.

Контролата на сите физички и правни лица поврзани со „Рекет“ во средата на прес-конференција ја најави директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Сите фирми веќе добиле исти налози и од понеделник ќе почне преземањето на документите.

МИА/Фото: Боки 13/Инстаграм

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Плусинфо: Боки 13 ги пуштил во оптек парите што ги зел во „Рекет“ како легално стекнати

УЈП од денеска ќе ги “чешла“ 1ТВ, БМЈ груп, Меѓународниот сојуз на Боки 13 и други лица и фирми поврзани со “Рекет“

По исказите на Кичеец и Јанева: Ќе ја отвори ли Боки 13 Пандорината кутија?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советот на јавни обвинители едногласно одлучи да почне постапката за разрешување на Јанева

Редакција

Џафери, прашан за синот, тврди оти никогаш, никаде и никому не вршел притисок за членови на семејството

Редакција

Откако беше затворена поради вработен позитивен на Ковид-19, Општина Радовиш повторно отворена

Редакција