еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Инспектори зеле мостри за анализа од „црвената вода“ во Вардар

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека вчера по добиена дојава за загадување на Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база – Бетон, направиле увид на посочената локација.

Со непосредниот инспекциски надзор утврдиле дека водата е со црвена боја и веднаш биле земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа кои се однесени во акредитирана лабораторија и е во тек нивно испитување.

Истовремено, како што се посочува во соопштението, извршен е вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД-Скопје, ул.„16 Македонска бригада“ б.б.

“Во момент на надзорот погонот Лужилница не беше во работен режим, односно производниот процес беше целосно сопрен. Погонот е запрен со работа на 10 јули во вечерните часови.

При увид во пречистителната станица утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од Погон за пластифицирање на лим и од пречистителната станица истекуваат 210 литри на час отпадна вода која е безбојна.

Исто така е извршен визуелен увид и во пречистителната станица на Макстил АД-Скопје и од истата истекуваше безбојна отпадна вода од 100 кубни метри на час.

Значи, од извршените увиди и кај двата погоре споменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода“, информираат од Државниот инспекторат за животна средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Реката Вардар кај Долно Лисиче повторно загадена

Фото: Фејсбук/Богдановски/Инспекторат на Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штип седми ден е со загаден воздух

Редакција

Денеска на врв на Водно ќе се упати порака против изградбата на гасоводот низ парк-шумата

Редакција

(Галерија) Како ќе изгледа новиот парк во Карпош

Редакција