еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Институциите кои се греат на мазут, ќе го менуваат начинот на греење

Идната недела го потпишуваме договорот со БЕГ за замена на мазутот во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, но и во една градинка во општина Центар, изјави денеска заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

Посочи дека повеќе јавни институции користат мазут за затоплување и дека приоритет во рамки на планот за чист воздух е да се замени нивниот начин на затоплување.

– Во Струмица практично ги почнуваме активностите за приклучување на болницата на гасоводниот систем. Тоа се активности кои тековно постојат. За жал премногу пари државата троши на мазут на екстра лесното масло за затоплување и ова не е само еколошка акција, туку ова е една заштеда во буџетот на Република Македонија, на парите на граѓаните.

Тоа е еден приоритет во кој стратешки остануваме и на гасификацијата и на повторното поврзување на парното грење, како и на користењето топлотни пумпи или инвертори во оние јавни институции, каде тоа ќе биде прикладно, додаде Макрадули.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Лизгање на земјиштето му се заканува на Водно, поради градежната узурпација

Редакција

Град Скопје поднесе кривична за Цементарница Усје

Редакција

VIVAX топлински пумпи – Решение за идеална температура во домот во текот на целата година

Редакција