еМагазин
Image default
Бизнис

Инвестиција од 4,5 милиони евра: Почна изградбата на нов центар за логистички услуги на компанијата „Дени Интернационал“

Стартуваше изградбата на нов модерен логистички центар на компанијата „Дени Интернационал“, инвестиција од 4,5 милиони евра која треба да обезбеди нови 80 до 90 работни места.

Со локација на главниот крспотат во државата и на влезот на главниот град, објектот ќе се гради на површина од 70.000 квадратни метри земјиште, од 12.800 метри квадратни магацински простор, илјада метри квадратни административен дел и канцеларии и сместувачки капацитет за околу 400 товарни возила или други комерцијални возила.

Заменик извршниот директор Дејан Јакимовски изјави дека „Дени Интернационал“ досега беше и во иднина ќе го заврши приматот на лидер во транспортно логистичките услуги во државата.

– Со овие проекции и локацијата на која се наоѓаме, овој објект ќе претставува центар на логистичките услуги во Македонија. Почнувајќи од обезбедување транспорт, царини на стоки, до утовар и истовар складиштење, пакување, препакување на роба и секако паркинг за товарни возила, нагласи Јакимовски.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП распродава запленети машини, пелени и влошки за да наплати данок

Редакција

Димитриос Пасхос е нов главен извршен директор на ОКТА, Вук Радовиќ назначен за нов претседател на Одборот на директори

Редакција

Граѓаните најмногу поплаки во банкарскиот сектор имаат за кредитните и дебитните картички

Редакција