еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Инженерите може да го решат проблемот со аерозагадувањето во Скопје

Градовите може да станат одржливи и да бидат подобро место за живеење доколку се искористи креативноста на инженерите, беше констатирано на денешното одбележување на Светскиот инженерски ден во Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

„Како што инженерите проектираат и градат објекти и сообраќајници, треба и да понудат решенија за намалување на загадувањето како најголем предизвик во урбаното живеење, но потребна е финансиска поддршка на нивните идеи. Инженерската фела апелира и што поскоро да се усвојат еврокодовите. Се поголем предизвик е и малиот интерес за инженерски студии, но и масовниот одлив на дипломираните инженери“, рече професор Миле Димитровски, претседател на КОАИ.

Според него, голем дел од тоа како ќе се одвива животот во градовите зависи од архитектите и инженерите но и од однесувањето на граѓаните кои живеат во тој град.

„Ние сме инженерски занимања кои ги градиме градбите, ги одржуваме, правиме да бидат функционални, но тие треба да бидат во интерс на граѓаните и нивното нормално живеење. Сметаме дека таа задача досега успешно сме ја исполнувале, а се надевам дека така ќе биде и во иднина, изјави Димитровски.

За претседателот на Комората, Инженерите се единствените кои можат да направат нешто во справување со загадувањето бидејќи дел од објектите, технологиите, средствата и опремата , нивното функционирање и одржување се инженерска работа, па затоа тие се оние кои проблемите можат да ги решаваат на местото на нивното настанување.

„Индустриските капацитети, возилата, прашината од градба, депонииите, одржување на хигиена во градовите и сл. се места на создавање на загадувањето со цврсти честички и ние треба да ги решиме. Мислиме дека инженерите имаат капацитет да ги решаваат проблемите, но треба да се најдат финансиски средства за поткрепа на таквите проекти. Би почнале од се, прво од историја на „болеста“ што се вика недостаток на чист воздух за дишење, а потоа еден по еден би ги решавале „причините“.

Но, мора да работиме здружено сите, секој во своето поле да одработи тоа што го знае најдобро. И граѓанските организации имаат своја улога, но кога ќе му дадете на некој да го решава проблемот со сообраќајот, тоа треба да биде сообраќаен инженер, ако е проблемот од машинство на машинец, ако е од урбано планирање, урбан планер, ако е од електротехника на електринженер итн. и тие ќе ги направат сите зафати за смалување на загадувањето,“ рече Димитровски.

Анастасија Трајковска, од одделението на архитекти при Комората, ја потенцираше важноста од интердисциплинарен пристап на сите инженери за подобар живот во градовите. Целта е да ги направиме градовите поодржливи.

-Со оглед на тоа што основните цели на одржливиот развој се подобрување на животната средина, заштеда на енергијата и контрола на урбанот развој, ова не инволвира сите нас инженери кои сме дел од комората да настапиме интердисциплинарно за да можеме да ги направиме нашите градови поодржливи, попријатни и да ни обезбедат подобри услови за живот.

Ваквите можности во нашата земја согласно со законската регулатива не се многу големи. Целта не е да критикуваме, туку да покажеме дека креативноста и иновативноста на инженерите можат да ги совладаат сите препреки и да ги обезбедат основните цели за одржливиот развој согласно агендата на ООН, која е и водилка за воспоставување на овој прв светски инженерски ден изјави Трајковска.

Професорот Петар Цветановски потенцираше дека направена е хармонизирана регулатива на ниво на ЕУ за да може проектите да бидат компатибилни и да може некои инженери од која и да било европска држава да проектираат каде било во Европа, со тоа што ќе се повикуваат на параметри карактеристични за таа земја, но принципот на работа, теркот е хармонизиран за сите.

„Дали сакаме ние да бидеме хармонизирани со Европа е наша определба. Ако сака некоја наша фирма да работи за Австрија не може да го прави по наши прописи, туку по еврокодови“. Градежните инженери бараат што е можно поскоро со одлука да бидат ставени во употреба еврокодовите, кои веќе се доставени до Владата и кои отвораат многу нови можности за инженерите, вели раководителот на професионалното одделение на градежните инженери,“ рече Цветановски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Ѓубре колку сакаш на Шар Планина

Редакција

Загадениот воздух може да ги влоши симптомите на Ковид-19

Редакција

(Галерија) Гуми, шпорети, бојлери, телевизори, покуќнина извадени од дното на Охридското Езеро кај Трпејца

Редакција