еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Иран: Нелогични се гласините дека украинскиот авион бил погоден со ракета

Шефот на иранската Организација за цивилна авијација, Али Абеџадех, денеска ги демантираше, како што кажа, „нелогичните гласини“, дека украинскиот патнички авион што се урна во близина на Техеран бил погоден со ракета, јави полуофицијалната иранска агенција Исна.

„Од научна гледна точка невозможно е ракета да го погодила украинскиот авион, па затоа таквите гласини се нелогични“, изјави Абеџадех, пренесен од британските медиуми.

По објавената информација во неделникот „Њузвик“ и другите светски агенции, повикувајќи се на американски официјални претставници јавија дека иранската противвоздушна одбрана вчераутро случајно го соборила украинскиот авион во близина на Техеран.

Британските медиуми пренесоа изјава на американски претставник кој наведува дека американските сателити регистрирале истрелување на две ракети непосредно пред падот на авионот, по што следела и експлозија.

Украинскиот авион наводно бил погоден од ракета од руско производство „Тор-М1“, соопшти претходно неделникот „Њузвик“, повикувајќи се на неименувани претставници на Пентагон и американската и ирачката разузнавачка служба.

Тие изјавиле дека проценката е дека авионот случајно бил погоден.

МИА/Фото: NYtimes

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинскиот авион по грешка бил урнат со иранска ракета, тврдат американските власти

(Видео) Украински авион се урна по полетувањето од Техеран, загинаа 176 лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фронтменот на „Пинк Флојд“: Бајден е воен криминалец, тој го разгорува огнот во Украина

Редакција

Централниот одбор на ДУИ го овласти Али Ахмети сам да донесе одлуки по меѓупартиски преговори

Редакција

Починати тројца пациенти, оздравени 18 лица од корона вирусот

Редакција