еМагазин
Image default
Локално

Иранци без документи затекнати на автобуската станица во Охрид

Во охридската полиција утрово се приведени шест лица, странски државјани без документи за идентификација, за кои постои сомневање дека се илегални имигранти.

Станува збор за четири машки и едно женско лице на возраст од 26 до 39 годишна возраст, како и и едно шест годишно дете кои, според она што го кажале пред истражните органи, доаѓаат од Иран.

Приведените околу еден часот по полноќ биле забележани на автобуската станица во Охрид, по што биле задржани во полициската станица за понатамошна  постапка.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Навивач од Битола нападнал „колега“ од Струга и полицаец кај „Женска плажа“

Редакција

Гром усмрти овчар во струшко

Редакција

Со „бмв“ се забил во ѕид, тројца повредени

Редакција